Денеска дожд и засилен ветер

683

Времето денес ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд и со повремено засилен југоисточен ветер. Врнежите од изутрина ќе се преместуваат кон исток каде што ќе се пообилни и ќе завршуваат.

Утринската температура ќе се движи од 7 до 15 степени. Дневната ќе биде во интервал од 11 до 19 степени.

Во Скопје слично време со максимална дневна температура од 17 степени.

Метеоролозите за утре најавуваат променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд. Наутро со услови за појава на магла по котлините.

Сончево време со мала до умерена облачност и за некој степен повисоки температури се најавени за во петок. Наутро со услови за појава на магла по котлините.