Денеска комеморација за штипјаните кои загинаа во пожарот во Кочани

115

Штипјани денеска ќе им оддадат почит на трагично загинатите сограѓани во пожарот во дискотеката во Кочани.

Општина Штип со должна почит и во спомен на загинатите Александар Коларов, Филип Стевановски, Александар Ефремов, Филип Ивановски, Дамјан Танески организира Комеморативна седница.

-Како чин на споделување на тагата со најблиските на жртвите, комеморацијата ќе се одржи во големата сала на Домот на културата – НУЦК „Ацо Шопов“, во петок 21 март 2025 година, со почеток во 13:00 часот.

Нашиот град никогаш нема да биде како порано. Овие невини млади животи што згаснаа прерано, ни даваат патоказ како треба да живееме и правилно да ја градиме нашата иднина.Нивните лица, дела и енергија да ги запаметиме и засекогаш да останат вмрежани во нашите мисли, велат од Општината.

Баџанаците Александар и Филип од ДНК, фотографот на ДНК, Ефремов и младите Филип и Дамјан беа погребани вчера.