За денеска е закажан уште еден протест против пресудата за обвинетите во случајот „Монструм“ со петкратното убиство кај Смилковско езеро. Почнува во 13.30 часот од паркот кај Чаир. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека од тогаш па до завршувањето на протестот затворени за сообраќај ќе бидат улиците „Христијан Тодоровски Карпош”, „Џон Кенеди”, „Цветан Димов”, „Крсте Мисирков” и булеварот „Гоце Делчев”.
Последниот протест беше насилен и беа повредени седум полицајци. Приведени беа осум лица, од кои тројца веќе ја признаа вината.
Нередите започнаа откако полицијата го постави кордонот на Бит Пазар, а толпата беше спречена да стигне до судовите.
Од СВР Скопје апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.