Денеска студено време со ветер, внимавајте, можна појава на магла

727

Времето во Република Македонија наутро ќе биде ведро и доста студено, преку денот сончево со слаб северозападен ветер и со појава на магла по одделни котлини.

Утринската температура ќе се движи од минус 11 до минус 2, а дневната од четири до 11 степени.

Во Скопје наутро ведро и доста студено со појава на магла, преку денот сончево. Утринската температура ќе се спушти до минус 7, а дневната ќе достигне до 6 степени.

И во петок ќе се задржи стабилно време со појава на магла по одделни котлини. За време на викендот ќе има појава на зголемена облачност, на некои пониски места со повремен слаб дожд, а на планините слаб снег.