Министерството за здравство соопшти повеќе детали за најмладиот пациент меѓу починатите во текот на последниот пресек за состојбата со епидемијата на коронавирусот од четвртокот кон петокот.
Станува збор за момче на 33-годишна возраст кoe што имал прекумерна телесна тежина и со тешка билатерална пневмонија.
Пациентот бил хоспитализиран на почетокот на месецов во Градската општа болница „8-ми Септември“со ниска сатурација и бил подложен на неинвазивна механичка вентилација.
Пациентот покрај својата терапија, примил и конвалесцентна плазма и озон, но за жал безуспешно, по што починал ноќта кон петокот, велат од ресорното министерство.