Девојката на Буфон тресна глупост од која Џиџи зацрвени…

1288

Познатата италијанска водителка Илариа Д’Амико која што од 2014-та година е во врска со Џанлуиџи Буфон, направи голем гаф при најавувањето на новата сезона од Лигата на шампионите која што започна вчера.

Д’Амико очигледно не знае кои клубови ќе се натпреваруваат во најелитното европско клубско натпреварување, па меѓу фаворитите за освојување на титулата го спомена и Челси, иако лондонскиот клуб не се натпреварува во Лигата на шампионите.

„Во моите романтични соништа гледам како ПСЖ ја освојува титулата, пред се затоа што сакам да го видам Џиџи во финале со поинаков епилог“, изјави Илариа и додаде:

„Но, во финалето ги гледам Јувентус и Манчестер Сити, или Манчестер Сити и Челси. За мене Јувентус се фаворити, но не треба да се отпише ниту Челси на Сари. Тие почнаа одлично, без оглед на тоа што имаа малку време за воигрување“, изјави Илариа.