Лука Дончиќ заедно со својата девојка, моментално ужива на преубавиот грчки остров.
Кошаркарот Лука Дончиќ и неговата девојка Анамарија Голтес отпатувале во Грција на одмор.
Лука и Анамарија се на популарниот остров Миконос, на кој што моментално нема многу туристи, а НБА ѕвездата и неговата партнерка очигледно уживаат како никогаш досега – во мирот и тишината.
Плажите се празни, баровите и другите места кои што се наоѓаат таму исто така, па Анамарија има целосна слобода да ужива со своето популарно момче, но и малку повеќе да се разголи и да ги покаже своите атрибути.
Познато е дека Анамарија се занимава со моделинг, дека многу внимание посветува на себе и на своето тело, а со фотографиите на кои што позира во бикини, дополнително покажа дека Лука ја избрал „таа вистинската“.