Дибиров го објаснува моментот на вистината кога им соопштил Самсоненко ДЕКА Е КРАЈ!

821

Ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров, гостувајки во емисијата „Еден на еден“ со Жаре Димитриоски, изнесе интересни детали од моментот кога Самсконенко им соопштил дека се повлекува од Вардар.

Сергеј Самсоненко пред нешто околу месец дена, објави официјално дека заминува од кормилото на Вардар како генерален спонзор и дека наскоро Вардар ќе се промени, од структурите па се до играчкиот кадар.

Јас бев изненаден од тоа што во тој момент дознав за таа информација. Бевме сите мртви убиени на тој состанок. Потоа требаше да има тренинг, но Роберто не пушти, бидејки не бевме присутни со главите таму. Седевме со ракометарите на кафе, дури и саат време ништо не зборувавме, пиевме само кафе, затоа што никој не го очекуваше тоа“.

„Имавме тешки времиња, но кога на крај од сезона ќе ви објават дека е готово, по една две недели се смиривме, па рековме, добро е, што да се правиме, одиме до крај, па ќе видиме што ќе се случува. Ние го сакаме Вардар, Скопје и Македонија, но не ни помислувавме дека ќе играме или тренираме со намален капацитет или 50%, па затоа и бевме по мотивирани за мечот со Пик Сегед“, констатира Дибиров.