Диета на рускиот доктор Сергеј Бубновски: Како да ослабите и да останете вити со години!

1053

„И јас варирав со килограмите додека не го открив најдобриот начин на исхрана“

Рускиот доктор Сергеј Бубновски имал пробано многу диети, но на крајот дошол до заклучок дека диетата може само да предизвика нервоза (нарушување на сонот, раздразливост и слично).

Потоа, тој пробал да живее според правилото на Антон Чехов:

„Ако станам гладен од маса, тоа значи дека сум јадел. Ако станам сит од маса, тоа значи дека сум се прејал. А ако сум се прејал, тоа значи дека сум се отрул.“

Докторот цврсто верува дека здравото тело има здрава тежина. Тоа многу зависи и од начинот на живот. Квалитетното губење килограми, без губење мускулна маса, може да се постигне само со комбинација на различни вежби, истегнување и балансирана исхрана.

Што се однесува до вежбањето, неговиот предлог е следниот:

Пешачење: одете 2 часа со брзина од 6 до 8 километри на час.

Џогирање: доволно е 20 до 30 минути, но отчукувањето на срцето не треба да премине 140-150 отчукувања по минута.

Нордиско пешачење: 3 до 5 километри дневно

Пливање: без застанување, барем по еден или два километра.

Според него, секоја диета е штетна, бидејќи прво губите мускулна маса, па дури потоа салото почнува полека да исчезнува.