Македонскиот фудбалски репрезентативец Ељиф Елмас имаше фантастичен старт на новата сезона во Серија А. Нашиот „дијамант“ натпреварот со Венеција го започна од клупата за резерви, но шанса за докажување доби во 35. минута и истата ја искористи на најдобар можен начин.
21-годишниот офанзвиец беше еден од најактивните фудбалери на Спалети на овој натпревар, а својата фантастична партија ја круниса со погодок за потврда на победата на Наполи од 2-0. Благодарение на одличната претстава против Венеција, Елмас доби и индивидуално признание, односно место во најдобриот тим на Серија А за првото коло.
Најдобриот тим на Серија А за првото коло:
Елмас, по доаѓањето на Лучијано Спалети на тренерското столче на Наполи, добива се поголема минутажа, a голот против Виченца е негов прв во Серија А сезонава, а трет кога се бројат и пријателските натпревари.