Резултатите што ги објави Државната изборна комисија на својата веб страница од вкупно обработените 97 проценти од избирачките места покажуваат дека на референдумското прашање гласале „за“ 91,37 проценти или 593.315 граѓани, а против се изјасниле 5,64 проценти или 36,596. Неважечки биле 2,99 проценти.
Според овие податоци, на гласање излегле 649.376 гласачи или излезноста 36,79 проценти.
На последната прес-конференција на ДИК, претседателот Оливер Дерковски најави дека ДИК во законски предвидените рокови во текот на утрешниот ден ќе ги објави и првите официјални резултати.