Димитров ќе слави роденден на денот на референдумот

927

Датумот на кој е закажан референдумот, 30 септемри, се поклопува со роденденот на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, кој е роден на овој датум во 1972 година.

„30 септември – денот кога ќе ставиме точка за тоа кои сме и на каков јазик зборуваме, овој пат под наши услови. Денот кога сами ќе ги отвориме вратите кон НАТО. Кон ЕУ. Кон иднината. Денот кога конечно ќе излеземе од чекалната и привременоста. За да не’ биде, за да си ја зацврстиме државноста и за да создадеме услови за пристоен старт на следната генерација. 30 септември – љубов (кон татковината), вера (во нас самите) и надеж (во иднината) Ах да, и ова: 30 септември – родендени кај нас Димитрови“, напиша министерот на неговиот профил на „Фејсбук“