Димовски: Нема да закажам комисија за избор на членови на ДИК додека партиите не се усогласат

782

„Нема да закажам комисија за избор на членови ДИК додека партиите не се усогласат и не дадат зелено светло“, вели за ТВ 24 претседателот на комисијата за избори и именувања Илија Димовски.

Димовски вели дека  доколку  партиите не дадат зелено светло, а тој ја почне постапката се ќе биде залудно бидејќи нема да успее процесот и потоа ќе треба целата постапка да оди од почеток, со нов оглас, нов рок за кандидатури што би се изгубило дополнително време.

ВМРО ДПМНЕ вчера порача дека за опозицијата да гласа за ДИК, најпрво треба да бидат донесени законот за финансирање на партии и законот за Влада во кој ќе влезе пржинската  техничка Влада како услов пред секои избори, како што велат било договорено пред ВМРО ДПМНЕ да се врати во Собранието и да да де поддршка за реформските закони.

Од СДСМ одговорија  дека опозицијата намерно го блокира процесот и го одовлекува изборот на ДИК и секојдневно додава нов услов за поддршката во преговорите.