Директорот на културниот центар во Тирана- Ги е**ш глупавиве Мачедонци, нит биле народ нит држава ќе бидат

853

Директорот на културниот центар на Македонија во Тирана избран од владата на Заев Златко Ориѓански предизвикува бура од коментари на „Фејсбук“ со своите пораки до бугарскиот премиер Борисов .

Златко Ориѓански кој неодамна јавно се пожали што министерството за култура му бара диплома за завршен факултет за да биде директор во нови постови ги навредува Македонците, нарекувајќи ги глупави.

Пораките на Ориѓански до Борисов доаѓаат неколку дена откако беше откриено дека Бугарија во заклучоците на ЕУ за Македонија поставила услов да се откажеме од македонскиот јазик и малцинства ако сакаме да започнеме преговори за членство во ЕУ.