Директорот на „Македонија пат “ и бегал на полиција за време на полициски час

677

Беким Мемеди, директорот на „Македонија пат” за време на полициски час и бегал на полиција со џип, дознава МКД.мк. Наместо да застане кога добил инструкции од полицијата за да му биде направена проверка за поседување на дозвола за движење, Мемеди продолжил со возилото да се движи кон Гостивар. Оваа информација ни ја потврдија и од МВР.

„На 20.05.2020 околу 21.20 часот на ул.„Илинденска” во Тетово, полициски службеници дале знак за запирање на возило џип ренџ ровер со скопски регистарски ознаки, кое не застанало и продолжило со движење кон Гостивар. Во 21.40 часот на наплатната рампа Желино возилото било запрено од полициска патрола и било констатирано дека се работи за Б.М., кој се претставил како Директор на „Македонија Пат”. По наредба на Јавен обвинител на лицето ке му биде издаден платен налог по член 211 став 4.”, велат од МВР за МКД.мк.