Директорот на „Модерна“: Со коронавирусот веројатно ќе живееме засекогаш

566

Првиот човек на компанијата која произведува една од вакцините против ковид-19, се приклучи на се поголемата група здравствени експерти кои тврдат дека ковид ќе премине во ендемска болест

Стефан Бансел, извршниот директор на американската компанијата „Модерна“,која произведува вакцина против коронавирусот, вели тој најверојатно ќе остане да циркулира засекогаш и нема да исчезне.

Многу водечки здравствени експерти веруваат дека постои голема веројатност ковид-19 да стане ендемска болест, односно дека ќе биде трајно присутна меѓу луѓето, но веројатно со многу пониски нивоа на инфекција отколку денес.

„Ќе живееме со овој вирус, мислам, засекогаш“,

изјави Бансел на еден од панелите за време на конференцијата за здравствена заштита, организирана од банката „ЈПМорган“, пренесе Си-ен-би-си.

Според него, научниците постојано следат дали се појавуваат нови видови на вирусот, за да може да се произведуваат вакцини.