„Овие се посебни нив не ги фаќа ништо. Вакционирани се од сите болести. Тоа е демократија сите се еднакви, само некои се поеднакви. Ако се функционери да не се имуни на болести? Како тоа вие акајќи по светот нема да се разболите? Граѓаните на нож ја дочекаа владината одлука со која им овозможи на функцинерите слободно да патуваат во странство за службени потреби, а по враќањето да не одат во карантин како другите граѓани. Социјалните мрежи се вжештија од коментари – граѓаните негодуваат дека тоа е класична дискриминација.
И експертите со ист ставкако граѓаните. Покрај формално правно што тоа е дискриминација на граѓаните по статус, велат не гледаат ниту логика во владината одлука.
„ Оваа одлука нема елементарна логика заради тоа што системот на заштитни мерки можи да функционира само доколку нема слаби карики, односно доколку е конзистентен и целосен. Со ваков испуст на ваков начин, издвојување на некоја категорија на луѓе која што може да излегува надвор од државата и да се врати во државата без почитување на карантинските мерки едноставно системот станува бесмислен заради тоа што имате испуст влез и излез. Тоа е исто како да речите дека во една соба имате вакум, а вие отворите една дупка и викате еве само оваа дупка е отворенаи низ нејзе нема да влегува воздух“- вели Мирјана Најчевска, експерт по човекови права.
Техничкиот премиер Спасовски, вели дека нема дискриминација во одлуката, а таа ќе се однесувала само за службени патувања поврзани со корона вирусот. А на новинарите им одговри дека со таквите прашања, само сакале да ја дезинформираат јавноста.
Прво никаква одлука нема дека наши државјани не можат да ја напушатат земјата. И мислам дека со ваков пристап сакате само да ја дезинформирате јавноста да правите тема од нешто што нема за тема, а второ одлуката за протоколите да се изготват за д аможат функционерите да патуваат е пред се за одредени настани во регионот кои што ќе се однесуваат на корона вирусот. Дискриминација нема никаква секој може да патува надвор од државата така да ние приказни можеме да си правиме какви сакаме, фактичката состојба се одлуките- вели Спасовски.
Но, владиното соопштение со вчерашните одлуки, покрај патувањата поврзани со Ковид 19, не ги исклучува и другите патувања од „итни причини“.
„Владата на денешната седница заклучи да се дозволи службено патување на избрани и именувани лица, во странски држави, со почитување на препораките и протоколите од Комисијата за заразни болести за одржување на потребното растојание и носење на лична заштитна опрема, заради координација и други работни активности поврзани со мерки за COVID-19 како и поради други итни причини кои не трпат одлагање, без спроведување на овие лица во државен карантин по нивното враќање.“- стои во соопштението.
И додека за функциоерите нема да важи карантинот, граѓаните кои се враќаат од странаство покрај државен карантин од 14 денови, треба да поминат уште толку до домашна самоизолација. А во меѓувреме и покрај тоа што Владата им забрана на институциите тендери за несуштински набавки, тендерите за набавка на авиобилети непрекинато си течат.