Дмитриј Козак го предупредил Киев: Напад на Донбас ќе биде почетокот на крајот на Украина, не пукање во нога, туку во лице!

669

Заменик шефот на администрацијата на рускиот претседател, Дмитриј Козак, изјавил дека “ако Киев започне борбени операции во Донбас, тоа ќе биде почеток на крајот на Украина” и дека Русија е подготвена да ги заштити жителите во Донбас, на што одговорила и Украина која ја повикала Русија да ги сопре сите акции насочени кон влошување на безбедносната ситуација.

Приказната започнала пред два дена кога Козак, чие мислење во Кремљ многу се почитува, изнел став во медиумите и предупредил дека Москва би можела воена да интервенира за да им помогне на жителите на Донбас, каде во главно живеат луѓе кои зборуваат на руски јазик, ако почне сеопфатен напад на милицијата на Доњецк и Луганската Народна Република, кои во западните медиуми се означени како сепаратисти.

“Се зависи од размерите на пожарот. Ескалација на судирот за Украина би можела да значи почеток на крајот – не пукање во нога, туку директно во лице”, рекол Козак и повторил дека руската војска би можела да интервенира за да ги одбрани своите граѓани, и потсетил дека околу 400.000 граѓани на Донбас имаат руско државјанство.

На оваа изјава реагирала и Украина, која ја повикала Русија веднаш да ги сопре акциите кои се насочени на влошување на безбедносната ситуација во зоната на руско-украинскиот вооружен судир, да се откаже од насилствата и да ги исполни обврските во склад со договорените резултати на самитот N4 во Париз и Минскиот договор.

Исто така наведено е дека Украина продолжува да дава предност на политичко-дипломатскиот пат за решавање на кризата, бидејќи мирот и животите на луѓето се основна вредност за таа држава, пренесува “Beta”.

Имено, последната недела Украина и Русија во зоната на конфликтот во Донбас пратиле значајни воени засилувања во техника и луѓе. Подготовките за евентуален судир започнале уште кон средината на март, кога биле забележани големи придвижувања на украинската армија кон Крим и Донбас, што предизвикало реакција од Русија.