Дневен хороскоп за четврток (15. јули 2021)

997

ОВЕН

Работа: Работата се одвива онака како што сакате. Работите на тајните планови кои би можеле да ја прошират работната понуда.

Љубов: Заинтересирани сте за личност која е зафатена. Од таа причина не и приоѓате.

Здравје: Проблеми со алергии.


БИК

Работа: Работата е стабилна. Ви дава чувство на сигурност. Сметате дека нема да има турбуленции во слендиот период.

Љубов: Ви се допаѓа личност која официјално има статус на пријател. И давате до знаење дека сакате нешто повеќе од пријателство.

Здравје: Се чувствувате добро.


БЛИЗНАЦИ

Работа: Добивате работна понуда од странци. Финансиите ви се лоши и поради тоа сте загрижени.

Љубов: Партнерот ви е поддршка. Многу ви значи тоа што може да се потпрете на него.

Здравје: Уринарна инфекција.


РАК

Работа: Не се снаоѓате најдобро со работните тешкотии. Проблемот е недостаток на самодоверба и било какви иницијативи.

Љубов: Потребна ви е поддршката од партнерот. Неговата верба во вашите способности ви го крева моралот.

Здравје: Расположението е променливо.


ЛАВ

Работа: Неповолен ден за решавање на правни прашања. Во случај на заминување на рочиште, вашата тврдоглавост и неопуштеност оставаат негативен впечаток.

Љубов: Ве очекува ново познанство, но на далечина.

Здравје: Притисокот ви варира.


ДЕВИЦА

Работа: Имате впечаток дека сте инвентивни и дека идеите ви се феноменални. Колегите доаѓаат до милион маани што не сте ги очекувале.

Љубов: Комуникацијата со симпатијата многу ви значи иако е на далечина.

Здравје: Циркулацијата не е најдобра и имате впечаток дека ви е ладно.


ВАГА

Работа: Ве очекуваат проблеми на полето комуникација. Не сте претерано сконцентрирани па не се разбирате најдобро со колегите.

Љубов: Потребна ви е љубов и внимание од партнерот.

Здравје: Проблеми со хормоните.


ШКОРПИЈА

Работа: Ве очекува ден преполн обврски. За некои обврски ќе биде потребен дополнителен труд за да ги одработите како треба до крај.

Љубов: Со непотребната љубомора го расипувате односот со партнерот.

Здравје: Солидно, иако главате е чувствителна.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Задоволни сте од ситуацијата на работа. Ве очекува прилив на пари. Соработката со колегите од странство тече според посакуваното.

Љубов: Свесно избегнувате караница со брачниот партнер.

Здравје: Се чувствувате добро.


ЈАРЕЦ

Работа: Правите мегаломански работни планови. Не сте свесни дека некои идеи не се остварливи.

Љубов: Уживате во врската. Ги покажувате своите емоции на партнерот на отворен начин.

Здравје: Алергиски реакции се можни.


ВОДОЛИЈА

Работа: Соработката со надредената личност е проблематична. Не сакате да дозволите да ви ги наметне идејите кои не ви се допаѓаат.

Љубов: Ве очекува ново познанство за кое не сте многу воодушевени.

Здравје: Дигестивниот систем е чувствителен.


РИБИ

Работа: Амбициозни сте, но нереални. Плановите кои ги имате се теоретски интересни, но практично тешко остварливи.

Љубов: Имате впечаток дека врската станала навика, а емоции веќе нема.

Здравје: Внимавајте на исхрана.