ОВЕН
Работа: Промена на работата е пред вас, иако за такво нешто не сте се надевале. Би требало да се прилагодите на новите околности.
Љубов: Напната атмосфера со партнерот ве гуши, и вие размислувате за прекин.
Здравје: Проблеми со колковите.
БИК
Работа: Не е поволен ден за нови одлуки. Можно е да имате некои потешкотии на ова поле.
Љубов: Ладни сте и со саканата личност настапува фаза на заладување.
Здравје: Избегнувајте благо.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Сакате по секоја цена да се докажете, но на тој начин би можеле да ги нарушите односите кои ги имате со колегите.
Љубов: Пробајте да го игнорирате мешањето во вашата врска. Љубовта треба да се негува.
Здравје: Болки во грлото.
РАК
Работа: Ве оптоваруваат ситници на ова поле. Како никако да не може да направите се да биде по ваша мерка.
Љубов: Не ви се допаѓа ставот кој го завземала саканата личност и може да имате расправии.
Здравје: Проблеми со јајниците се можни.
ЛАВ
Работа: Наклонети сте кон тоа да влегувате во конфликт на работното поле. Можно е да покажувате некои лични фрустрации.
Љубов: Не умеете на вистински начин да ги покажете своите чувства и делувате нервозно пред партнерот.
Здравје: Потребно ви е повеќе сон.
ДЕВИЦА
Работа: Сметате дека дошло време полека да ја менувате стратегијата затоа што и околностите се промениле.
Љубов: Потребно ви е повеќе флексибилност во комуникацијата со партнерот.
Здравје: Проблеми со синусите.
ВАГА
Работа: Поволен ден е пред вас. Работите ќе ви одат од рака и ќе бидете генерално задоволни.
Љубов: Имате прилика да бирате личност која најмногу ви се допаѓа да ја освоите. Ве очекува можност за влегување во врска.
Здравје: Кашлица.
ШКОРПИЈА
Работа: Немојте премногу да се потпирате на другите луѓе кога е во прашање работата. Бидете подготвени голем дел од одговорноста да превземете на себе.
Љубов: Претерано сте наклонети кон караници со саканата личност.
Здравје: Проблеми со црниот дроб.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Се наоѓате пред нова одлука. Можно е да имате шанса за промена на работното место.
Љубов: Можно е меѓу вас и саканата личност да постојат некои проблеми кои останале нерешени од порано.
Здравје: Полни сте со енергија.
ЈАРЕЦ
Работа: Имате финансиски проблеми кои од ден на ден се повеќе ве оптоваруваат. Неповолен период е пред вас.
Љубов: Можно е да не можете да остварите врска со личноста која ви се допаѓа, затоа што не сте слободни.
Здравје: Стрес.
ВОДОЛИЈА
Работа: Пробувате сите работи да ги завршите на време, но секогаш постои нешто што дополнително ве успорува.
Љубов: Можни се конфликти со саканата личност, и тоа околу некои ситници кои не се толку важни.
Здравје: Вкочанетост.
РИБИ
Работа: Потребна ви е поддршка од колегите за да може да остварите работен проект на кој сте посветени.
Љубов: Многу сте чувствителни, па секој погрешен збор на партнерот на вас може да делува многу негативно.
Здравје: Уморни сте.