ОВЕН
Работа: Ве чека кратко службено патување на кое можете да направите важни чекори за вашата професионална област. Ако успеете да склучите зделка, ќе профитирате.
Љубов: Ви се допаѓа една нова личност која неодамна се појави во вашето опкружување. Таа ги забележува вашите сигнали. Сега треба само да почекате шанса за некоја интимна средба.
Здравје: Можна е минлива кашлица. Денес сте генерално почувствителни, па затоа внимавајте.
БИК
Работа: Ве чека финансиска добивка од која ќе бидете задоволни. Пред вас е позитивен ден кој носи подобрување на материјалната состојба. Сè е подобро за вас во овој поглед.
Љубов: Не сте баш сигурни за вашите чувства и ви треба малку време да размислите. Објаснете му на партнерот дека не е сè негова вина, дека тука постојат некои лични сомнежи.
Здравје: Поволен период е за диета и слабеење. Ако имате прекумерна тежина, лесно ќе ја изгубите.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Проблемите со концентрацијата може да ве натераат да започнете да правите помали грешки на ова поле. Ќе ви годат почести паузи.
Љубов: Дарежливи сте кон вашиот партнер и подготвени сте да го запознаете во секоја ситуација. Тој знае дека може да смета на вас и се чувствува добро за тоа. Вашата врска е квалитетна.
Здравје: Можни проблеми со низок притисок. Не заборавајте на редовните оброци.
РАК
Работа: Можно е да сте малку мрзливи и да ви треба само пауза. Подоцна ќе се посветите на работата. Искористете го овој ден за дружење, забава и релаксација.
Љубов: Ако ви се допаѓа личност која е родена во воздушен знак, ве очекува интересен ден. Со Вагите можете да имате силни страстна и фатална привлечност.
Здравје: Склони сте на внесување алкохол. Само внимавајте да не претерате и не ги испитувајте вашите граници.
ЛАВ
Работа: Верувајте им на своите инстинкти. Ако сметате дека не треба да се има доверба во некоја личност, тогаш немојте да имате. Вашата интуиција е многу силна денес, нема да направите грешка ако се слушате себе си.
Љубов: Не сте сигурни како да стапите во контакт со личноста што ви се допаѓа за да го привлечете целото нивно внимание. Бидете отворени и природни, нема потреба да се двоумите.
Здравје: Се чувствувате добро и имате доволно енергија за сè што сте планирале.
ДЕВИЦА
Работа: Ве чека разговор со претпоставените, по што многу работи ќе бидат многу појасни и посигурни. Може да се надевате на многу позитивни промени во деловното опкружување.
Љубов: Посакувате да стапите во брак и во други важни емотивни настани, но сè уште не е време за тоа. Засега, негувајте добра врска со вашиот партнер и не грижете се.
Здравје: Водете грижа за грбот. Не кревајте тежок товари.
ВАГА
Работа: Доколку планирате патување во странство, можно е и некој друг да оди со вас. Ве очекува интересен период во кој можете да реализирате многу важни работи.
Љубов: Ви се допаѓа личност родена во знакот Овен. Вие двајца имате она што се нарекува „фатална привлечност“. Доколку го направите првиот чекор, лесно ќе го освоите.
Здравје: Водете грижа за вашите навики. Обидете се да се храните поздраво и да вежбате поредовно.
ШКОРПИЈА
Работа: Добро време е за помали смени во областа на финансиите или за одобрување кредит или позајмица. Може да очекувате дека некоја желба ќе ви се оствари на ова поле.
Љубов: Проблемите со љубомората кои ве измачуваа полека престануваат да се појавуваат … Од ден на ден сте сè посигурни во партнерот и затоа се чувствувате многу подобро отколку порано.
Здравје: Можни се проблеми со варењето на храната. Водете грижа за вашата исхрана.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Сакате да решите некои работи што ве оптоваруваат со денови наназад. Немате повеќе трпеливост да чекате. Слушајте ги вашите инстинкти и веднаш соочете се со компликациите.
Љубов: Ве чека позитивна атмосфера со вашиот партнер. Може да сметате на многу убава љубовна ситуација. Ако сте слободни, ќе ве освои некое лице поврзано со странска држава.
Здравје: Можна е болка во зглобовите. Бидете внимателни со каква било физичка активност.
ЈАРЕЦ
Работа: Можна е нова деловна понуда, која треба да ја прифатите што е можно поскоро. Ќе имате можност да постигнете значителен напредок во оваа област.
Љубов: Не сте расположени за пресметки во областа на емоциите. Отворено ќе ги покажете своите емоции на личноста што ви се допаѓа. Таа ќе реагира многу позитивно на тоа.
Здравје: Ќе ви годи одмор. Обидете се да се опуштите и максимално да им се посветите на вашите потреби.
ВОДОЛИЈА
Работа: Во моментов има некои случувања што се надвор од вашето влијание и моќ, па затоа само чекате на одлуките на луѓето над вас. Не треба да се грижите бидејќи не ве очекуваат проблеми.
Љубов: Уживате во помала емотивна пауза и осаменост. Потребно ви е малку време да го преиспитате и да уживате во животот и дружењето со пријателите – сами, без партнер.
Здравје: Ќе ви годи масажа. На вашите напнати мускули им е потребна релаксација.
РИБИ
Работа: Потребен ви е соработник со кого ќе можете да ги споделувате сите деловни сомневања, некој на кој ќе му верувате. Денеска би можеле да најдете таква личност.
Љубов: Вие сте многу шармантни и лесно заведувате. Ве очекуваат многу интересни настани во областа на флертувањето. Можеби имате повеќе можности за врска, а ваш е редот да избирате сега.
Здравје: Проверете го вашиот диоптер за секој случај. Општо, без поголеми проблеми на ова поле.