До каде стигна Солскјер – и Мојс му се смее!

760

Медениот месец на Оле Гунар Солскјер заврши, норвешкиот стручњак се почесто е цел на критики, а како што стојат работите, нема да оствари ниедна од целите кои ги имаше зацртано.

Капак на се е последната изјава од еден од неговите претходници Дејвид Мојс кој беше менаџер на Јунајтед неполна година.

„Одамна не сум видел толку лош настап на Јунајтед. Луѓето можеби ќе побараат некој мој натпревар додека јас бев менаџер, но морам да кажам дека ни јас не бев толку лош како ова денеска“, изјави Мојс.

Шкотскиот стручњак беше менаџер на Јунајтед на 51 натпревар, оствари 26 победи, десет нерешени резултати и 15 порази.