Речиси да нема личност што не ја слушнала приказната за митското суштество од едно езеро во Шкотска. Легендарното чудовиште од Лох Нес, кое се споменува векови наназад, изгледа не е само мит. Само во 2017-та година Неси наводно било видео 11 пати.
Последното големо научно истражување, пишува “Sputnik”, открило дека Неси изгледа навистина постои. Истражувањето го водел професорот Нил Гимел од Универзитетот Отаго, од Нов Зеланд.
Научниците по должината на езерото собирале примероци од водата од три различни длабочини за да пронајдат ДНК оставана од разни суштества во тоа езеро.
Собраните примероци биле пратени во лаборатории на Нов зеланд, Австралија, Данска и Франција.
Тимот од професори на Нил Гимел сега го завршил своето истражување, а експертот за геномика, екологија и население, зачувување ни еволуциска биологија признал дека резултатите се изненадувачки.
Имено, бидејќи постојат две “главни” теории за чудовиштето, податоците до кои дошол овој тим од научници би можеле да докажат една од нив.
Во едната се споменува дека Неси всушност е долг плесиосаур кој за некое чудо го преживеал изумирањето на диносаурусите или е џиновски сом.
Ова истражување ќе биде објавено следниот месец во Шкотска, а професорот Гимел рекол:
“Има ли нешто мистериозно во длабочините? Хмм. Зависи во што верувате. Има ли нешто шокантно? Постојат некои работи кои се малку изненадувачки”.
Најпрвите споменувања на чудовиштето потекнуваат од Света Колумбија, која го донела христијанството во Шкотска во шестиот век.
Научните пронашле голем број извештаи за Неси кои потекнуваат од 500-тата година од нашата ера, но тоа чудовиште не стекнало светска слава се до 1933-та година.
Интересот за ова езеро и неговото чудовиште не престанува. Во надеж дека ќе го видат славниот Неси, стотици илјади посетители се собираат во текот на годината за пронајдат доказ за постоење на ова митско суштество.
Се проценува дека Неси на Шкотска годишно и носи милиони фунти.