Во период кога дуели од македонската фудбалска лига не може да се погледне ниту на една ТВ станица, нашите соседи ни покажуваат како се прави тоа.
Имено за денешното 160. големо дерби на Белград помеѓу Црвена Звезда и Партизан, телевизијата Арена спорт која ќе врши пренос откри со колку камери ќе се снима.
Ни помалку, ни повеќе, точно 20 камери – апсолутно импозантен податок што е за секоја пофалба. Исто така час ипол пред почетокот на мечот ќе има отворена програма.