Конечно дојде денот „д“ за Македонија! По неколкуте одложувања поради коронавирусот, нашиот национален тим ќе излезе на терен против Косово. Можеби не во посакуваната атмосфера пред полна Арена, сениорите ќе се борат да дојдат на чекор до пласман на Европското првенство кое за првпат ќе се игра во повеќе земји во 2021 година.
Избраниците на Игор Ангеловски се во исчекување на дуелот на кариерите. Пандев и дружината ќе излезат на мегдан со Косово во рамки на полуфиналето од ланската сезона во Лигата на нации и ќе се обидат да ја прескокнат првата пречка на патот кон континенталниот собир. И за двете селекции ова е меч од голема важност, ако се земе предвид дека досега ниту еднаш не играле на едно големо натпреварување.
„Рисовите“ имаат мали проблеми затоа што нема да може да сметаат на главниот играч во средниот ред, Ељиф Елмас, кој има коронавирус и е во карантин во Неапол, а како негова замена во екипата е повикан Ферхан Хасани кој настапува за фински ХЈК Хелсинки. На спротивната страна, се направија сите напори од страна на ФФМ и капитенот Горан Пандев ќе биде на располагање за игра. Дури и одморен, затоа што не играше за Џенова во изминатото коло, поради ковид-19 во таборот на „грифони“. Но, не е само Македонија со проблеми, затоа што и Косово има свои.
Капитенот Рахмани е заглавен во карантинот во Неапол и не се знае дали ќе добие дозвола да допатува на мечот, додека најдобриот играч, Ведат Муричи, нема тренирано шест седмици и нема да биде главен адут во нападот. Меѓу повиканите на списокот го нема и Милот Рашица поради повреда. Досега Македонија нема играно против Косово, па првата меѓусебна средба може да испише историја и да ги испрати фудбалерите на еден чекор до ЕП. Победникот од овој меч во месец ноември ќе игра финале со победникот од второто полуфинале – тоа ќе биде Грузија или Белорусија.
Во Скопје се очекува тврд натпревар кој ќе понуди многу голема борба. Според играчите на располагање, формата и домашниот терен, Македонија добива предност да победи, па токму затоа првиот тип ќе биде триумф на „црвено-жолтите“. Причина? Фактот дека Косово нема победа на пет натпревари по ред. За оние кои не веруваат, може да се обидете со 2-3 гола, опција која делува како реална ако се погледнат последните средби на двете селекции.