Дојде денот Македонија да игра на ЕУРО: Со среќа момци, играјте и уживајте на теренот!

806

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 18 часот во Букурешт, ќе игра со Австрија и тоа ќе биде историски прв натпревар на едно Европско првенство.

Мигот кој сите го чекавме цели 30 години, конечно, се оствари. Македонија е дел од ЕУРО и ќе оди на успех во групата, во која покрај Австрија се Украина и Холандија.

Македонските фудбалери подготвени го очекуваат почетокот на ЕУРО кое веќе трае два дена.

Од националниот тим во последните неколку дена низ прес-конференции најавуваат давање на максимум и беспоштедна битка за добар резултат и успешен настап на ЕП.

Среќно момци! Израдувајте ја нацијата.