Дојде денот за одлуката: Хари вели дека Меган ќе добие нервен слом! Дали кралицата Елизабета ќе го спречи најлошото сценарио?

673

Денеска кралицата Елизабета ќе расправа со принцовите за четирите важни прашања поврзани со напуштање на кралските должности на Меган и Хари.

Четирите клучни прашања за кои кралицата Елизабета ќе расправа се дали принцот Хари и Меган Маркл ќе ги задржат кралските титули, кои обврски и должности треба понатаму да ги извршуваат, дали принцот Чарлс и понатаму ќе го финансира синот и кои се правилата до кои војводата и војвотката од Сасекс мора да се придржуваат во однос на прифаќање комерцијални понуди, како што беше таа со Дизни, која Меган ја прифати.

Кралицата ќе се сретне со Хари, Вилијам, Чарлс и Меган преку конференциски повик.

Како што наведуваат британските медиуми, до оваа одлука Меган и Хари не дошле само поради тоа што сакаат да заработуваат свои пари независно од семејството, туку и бидејќи Хари бил убеден дека Меган ќе доживее нервен слом.