Дојде крајот за Валверде во Барселона, на „Камп Ноу“ се враќа и Тиери Анри

907

Барселона не успеа сезоната да ја заврши со двојна круна откако во саботата беа поразени со 2:1 во финалето од Кралскиот Куп од Валенсија.

Каталонскиот клуб имаше очајна завршница на сезоната во која успеаја само да ја освојат титулата во Шпанија. Барса прво испадна во полуфиналето од Лигата на шампионите, а потоа остана без трофеј и во Кралскиот Куп.

од Ливерпул, се чини дека нема да му прогледаат низ прсти откако Барселона загуби од Валенсија.

Шпанскиот новинар Жерар Морено објави утринава дека Валверде сигурно ќе добие отказ, а Жота Жорди за „Ел Чирингито“ истакна дека тоа ќе се случи веќе денеска, а дека тренерската позиција најверојатно ќе ја преземе Роберто Мартинез чија филозофија е слична со онаа на Барса и форсира напаѓачки фудбал, а како негов помошник и човек што одблиску ја знае ситуацијата и атмосферата во Барселона најверојатно ќе биде Тиери Анри кој соработуваше со Мартинез во белгиската репрезентацијата.