Статус на Сашо Тасевски:
Што останува во сеќавање од владеењето на социјалдемократите:
Промената на името по желба на 600 илјади луѓе од речиси два милиони гласачи на референдум, откако тој од останатите беше бојкотиран.
Откако го сменија името се откажаа од Македонците во Егејот, се откажаа и од историјата во корист на Грција. Со тоа што изгубивме контрола над нашето минато, ја загрозивме нашата иднина. Дефиниција според Орвел.
Ми текнува и на тоа како социјалдемократите избегнуваа да кажат Македонија и македонско. Го бараа тоа од сите. И денес избегнуваат.
Потпишаа срамен, понижувачки и антимакедонски Договор со Бугарите, со кој се согласија на целосна асимилација и бугаризација на Македонците. Дојде време, во својата земја да внимаваш што да кажеш во јавност во одбрана на својот народ пред налетите на бугарските агенти провокатори, оти одма фрчат тужби, кои нашиот систем ги процесуира. Целта е да те влечкаат по судови и да те замолчат.
Победата на социјалдемократите ќе значи, клекнување пред уцените на Бугарија и побугарчување на на македонскиот јазик и историја. Откажување и од Македонците во Бугарија. Како со Грција.
Се сеќавам дека го заштити ја крим иналот на олигарсите. Никој од нив не одговараше. Парите не ги вратија, а бројчаникот на Триумафална зарѓа. Сваровски судиите од времето на Груевски станаа уште помоќни. Ниту еден не одговараше.
Се сеќавам и на Шеќерка која како министер за одбрана се сликаше со симболите на паравојската УЧК кај градоначалникот на Кичево. Оние кои како агресори упаднаа од Косово овде во 2001 година со намера да окупираат територии.
Се сеќавам и на покачените даноци и цени за храна, струја, во време на епидемијава.
Се сеќавам на нивната весела математика со ковид епидемијата. За утнатите прогнози и лагите дека ја држат под контрола.
Се сеќавам на нивните двојни аршини со кои Македонците се дежурни виновници за се, дежурни националисти, лошотии. Се создава Апартхејд, во кој Македонците се граѓани од втор ред, во режија на политичката коректност и петоколонашките невладини, чии членови се напикани во владата на социјалдемократите.
Се сеќавам дека во меѓуетнички инц идент зачинет со наизглед препирка за нешто банално, беше уб иен млад Македонец, а уби ецот е осуден на три години затвор. Три години за уби ство. Провладините медиуми и ен џи оа, не гукнаа за пресудата.
Нивната нова нормалност е двомисла за нов тоталитаризам, скриен зад маската на либерализмот и левичарењето. Целта е радикално да се неутрализираат сите вредности на кои се темелела оваа држава од АСНОМ наваму. Ете на што се сеќавам, а вие?