Доктор открива како на природен начин да ги исчистите црниот дроб и цревата

661

Доктор Момчило Матиќ открил како на природен начин да ги исчистите црниот дроб и цревата.

Проф. д-р Момчило Матиќ предупредил дека секој којшто подолг период јаде мрсна храна би требало да направи чистење и детоксикација на црниот дроб.

Д-р Матиќ истакнал дека после обилни оброци би требало да се ограничиме и да не претеруваме во тоа подолг временски период.

„Два-три дена доколку се опуштиме нема ништо да ни фали, а оној којшто подолго време јаде лоша храна, би требало да направи чистење и детоксикација на црниот дроб“, изјавил д-р Матиќ.

Како што вели докторот, за тоа најдобро е да користите чај од глуварче, а додал дека во него добро е да ставите и прополис, полен, ѓумбир во прав, цимет и лимон.

„Тоа треба да го пиете наутро пред појадокот на празен стомак, но пред тоа повторно треба да се напиете топла вода. Таа е одлична за детоксикација“, изјавил д-р Матиќ.

„Пред сѐ треба да внесете две топли чаши вода за да го исчистите вашиот организам“, изјавил д-р Матиќ.

Тој истакнал и дека сода бикарбоната исто така дава базна реакција, но дека е проблем кај луѓето кои имаат висок крвен притисок.

„За детоксикација најважно е да внесувате течности и вода, тоа ќе го даде најдобриот резултат врз нашиот организам“, додал д-р Матиќ.

За оние кои сакаат да ослабнат, наместо топла вода докторот препорачува ладна затоа што таа подолго време се задржува во организмот и го зголемува чувството на ситост.