Докторите од Клиничкиот центар во Скопје веќе четврти ден протестираат против одлуката за зголемување на цената на месечниот износ за паркингот од 300 на 800 денари.
На вчерашниот протестот, нивните барања се проширија- сега бараат и продолжување на дијалогот за покачување на платите, а денеска пронајдоа и начин како да протестираат дури и додека да работат.
На социјалните мрежи се прошири фотографија на која се гледа како на медицински фластер залепен на грбот на еден доктор е напишано ПРОТЕСТИРАМ.
