Италијанскиот виролог Масимо Гали изјавил за телевизијата „Ла 7“ дека докторите и медицинскиот персонал кои одбиваат да се вакцинираат треба да ја променат професијата.
Во Италија многу медицински работници не се убедени во валидноста на анти ковид вакцината и многу изјавиле дека не сакаат да се вакцинираат. Тоа е нивно право бидејќи вакцината, за сега, е доброволна.
Во Италија вакцинацијата со „Фајзер“ вакцината симболично започнува на 27 декемвреи кој е таканаречен „вакцина ден“ во целата Европска унија, но вистинската кампања за масовно вакцинирање започнува дури во јануари.
За сега вакцинирањето е доброволно, властите најавуваат дека предност ќе имаат лицата кои живеат во домови за стари, припадници на безбедносните сили, војската и медицинскиот персонал, односно сите оние за кои се верува дека се најмногу изложени на ризик од зараза.
Меѓутоа весникот „ Il Fatto quotidiano ” пишува за математички модел за предвидување на ширењето на вирусот кој е развиен во Националниот совет за истражување.
Математичарот Џовани Себастиани, кој е дел од научниот тим вели дека според тој модел, како ви се избегнал трет бран од пандемијата, би било неопходно вакцинитање и на младите.
На тој начин во ланецот за пренос на коронавирсот, би се избегнала алката на младите кои помалку заболуваат, но го пренесуваат вирусот на постарите.