Еднаш бев на работ на смртта, сите ме отпишаа. Во тој момент, сакав само да оздравам, а знаев дека тоа не може да се случи освен со помош на Бога“ – го почна својот разговор Миодраг Тодоровиќ.



Тодоровиќ изјави дека верува дека само преку верата, молитвата и самиот Бог се спасил од проблемите во кој бил.




Бидејќи еднаш бев во многу лоша состојба, посакав да добијам вода од Света Петка. Таа ноќ додека бев во шок собата, лекарите ми рекоа дека веројатноста да умрам е 99 отсто, само еден 1 отсто ми дадоа дека ќе преживеам.
Беше 10 часот навечер, а јас цело време размислував за тоа кога ќе дојде некој да му кажам што ми е потребно.




Дојде докторот после некое време, ме праша дали може нешто да ми донесе, нешто што ми е потребно и му побарав вода од Света Петка. Ми кажа:„Добро, ќе кажам на вашите да ти донесат утре“, на што јас го замолив тоа да го направи вечерта.



„Инаку имав сепса и беше прашање на време кога ќе умрам. Уште утрото, брат ми ми донесе света вода и тогаш си кажав:„Сакам да ја испијам оваа вода па после ако треба нека умрам“.




Другиот ден ми беше подобро и состојбата почна да ми се поправа. Во меѓувреме искрено се молев.




Додаде дека редовно, пости од кога знае за себе и неговата ситуација е само уште една потврда дека во Бога е спасот.