Постојат и некои добри вести со пандемијата на коронавирусот. Во неколку предградија на Милано во Италија, бројот на нови инфицирани лица стагнира, што би можело да се каже дека епидемијата оваа недла го достигнува својот максимум и почнува да опаѓа.
Во Кина врвот на епидемијата беше кон средината на февруари, а од тогаш помина еден месец и епидемијата веќе завршува. Со математичката симулација на шведските и швајцарските научници укажуваат дека во мај, најдоцна јуни би поминала инфекцијата. – вели Др. Бранимир Несторовиќ детски пулмолог и алерголог, одговарајќи на прашања на граѓаните во Србија. Одговарајќи на прашањето дали на Србите ќе им пропадне летувањето во Грција тој вели :
-Во Грција во тек е сериозна епидемија, со смртни случаеви и доста инфицирани. Ама со оглед на тоа дека епидемијата започна во исто време како и во Србија, а со оглед на тоа што многу повеќе го имаат УВ индексот на зрачење, ситуацијата и таму ќе се среди речиси истовремено како и во Србија, можеби дури и малку порано. Нормално прогнозите се неблагодарни, бидејќи има многу фактори кои не можеме да ги контролираме.
Дали високите температури во текот на летото значително ќе влијаат врз ширењето на короната?
Не температурите, туку индексот на УВ зрачењето. Ултравиолетовите зраци го убиваат вирусот, некои велат дека кога УВ индексот е преку 3. Австралија има мал број на инфицирани, иако таму се доаѓа најчесто само со авион па може лесно да се контролираат лужето кои доаѓаат и веднаш се сместуваат во карантин, па пренесувањето на епидемијата е потешко.

Како да ги заштиттиме децата?
-Мерките на заштита се исти како и возрасните, миење на раце избегнување престој во затворен дел со многу луѓе. Прошетка на свеж воздух, доста овошје и суплементи, цинк, аронија…
Целото интервју може да го прочитате ОВДЕ