Докторка за убавина: Симона Поповска со новата фризура изгледа за чиста 10-ка (фото)

610

Симона Поповска важи за една од најатрактивните пејачки на македонската сцена, но и докторка која моментално е посветена на полето на естетиката.

Симона е вистинска убавица, а тоа го потврдуваат и фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи каде што добива комплименти за нејзиниот изглед. Иако најчесто на објавите има права коса, овој пат пејачката позираше со мала, но забележителна промена.

ФОТО: ИНСТАГРАМ/СИМОНА ПОПОВСКА

Овај пат Поповска позираше со нова фризура, а многумина сигурно би и дале чиста 10-ка за изгледот.

Имено, во кусите приказни на „Инстаграм“, Симона објави фотографија на која има виткана коса која одлично и стои на нејзината форма на лице. Изгледот го надополни со минимална шминка и очила за сонце.

ФОТО: ИНСТАГРАМ/СИМОНА ПОПОВСКА

Сигурно пејачката или докторката добила многу позитивни коментари за фризурата.

Како ви се допаѓа Симона со ваков изглед?