Хрватскиот Институт „Син свет“ соопштил дека благодарение на дојавите на граѓаните, во Јадранското море кај Стариград, вчера бил пронајден кит долг 15 метри.
Експертите од Институтот пред два дена ги повикаа граѓаните да им помогнат во пронаоѓањето на китот кој што веќе со денови се наоѓа во Велебитскиот канал, за да ја утврдат неговата здравствена состојба.
Китот е пронајден, но вработените од Институтот велат:
„Китот беше на самиот раб од најавеното невреме и само по некое време заплива токму во невремето. Но, вредеше“ – напишале од Институтот.
Тие додале дека китот кој што го виделе бил долг 15 метри.
„Физичката состојба не успеавме да ја провериме затоа што со него бевме премногу кратко, но на прв поглед не изгледа ненахранет“ – навеле тие.