Домот на Оливер Драгојевиќ завиен во црно- сограѓаните палат свеќи и оставаат свежо цвеќе пред неговата врата

879

Откако вчера утрото со брзина на светлината одекна веста за смртта на легендата Оливер Драгојевиќ речиси сите балкански земји му оддадоа почит присетувајќи се на неговите хитови.

Родното место на пејачот Вела Лука вчеравечер на симболичен начин се прости од нивниот сограѓанин собирајќи се пред неговиот дом.

Жителите пред домот на Оливер кој секое лето доаѓал оставаа свежо цвеќе, а палеа и свеќи.

Исто така општината Вела Лука на својот Фејсбук профил се опрости од пејачот со стихови од една негова песна.

-Денес Вела Лука е завиена во црно. Ти благодариме за се наш Оливер, стои во статусот на општината.