Доналд Трамп одржа проштален говор: Горд сум на тоа што како претседател не започнав војна со никоја земја

615

Американскиот претседател Доналд Трамп одржа проштален говор во кој и се обрати на јавноста и рече дека е „особено горд што е првиот претседател во последните неколку децении кој не започнал никаква војна“.

„Водев најтешки битки и донесував најтешки одлуки. Затоа ме одбравте мене“, рече Трамп.

„Како резултат на нашата смела дипломатија и принципиелен реализам, постигнавме низа историски мировни договори на Блискиот исток. Тоа е зора на новиот Блиски исток и ги вративме своите војници дома. Особено сум горд што сум првиот претседател во последните неколку децении, кој не започна ниту една војна.

Тој уште еднаш ги осуди немирите што се случија во Вашингтон на 6 јануари, кога неговите приврзаници упаднаа во зградата на Конгресот.

„Сите Американци беа згрозени од нападот врз Капитол. Политичкото насилство е напад на сè што ние како Американци негуваме. Никогаш не може да се толерира. Сега, кога се подготвувам да и ги предадам овластувањата на новата администрација, сакам да кажам дека движењето што го започнавме е само почеток“, рече Трамп.