Американскиот претседател Доналд Трамп, објави на социјалните мрежи, по повод собирот „Марш на милиони“ во Вашингтон, велејќи дека луѓето нема да прифатат изборите да бидат украдени од компании во сопственост на радикални левичари.
Во тој контекст, Трамп ја посочи компанијата „Доминион“, чии машини се користат низ цела Америка за да гласаат на избори.
Стотици илјади луѓе ја изразија својата поддршка во Вашингтон. Тие нема да прифатат наместени избори, напиша Трамп во еден од твитовите.
Трамп претходно објави дека машините за гласање избришале 2,7 милиони гласови од него, и му додале стотици илјади на неговиот противкандидат Џо Бајден.
Ние ќе победиме, рече Трамп.
Поддржувачите на Доналд Трамп, вклучително и членови на групата „Горди момци“, се собраа во Вашингтон пред Врховниот суд на САД за да изразат поддршка на претседателот кој тврди дека имало неправилности на претседателските избори.