Донатела Версаче – Потресна исповед на познатата дизајнерка за зависноста од наркотици

785

Донатела Версаче (64) која повеќе од 20 години се наоѓа на чело на брендот кој го носи името по нејзиното славно презиме, деновиве даде интервју за американските медиуми и голема исповед во која отворено зборуваше за пеколот низ кој минувала додека користела наркотици и тоа баш во периодот кога го наследила нејзиниот убиен брат Џани на важна позиција во светот на модната индустрија.

„Почнав со кокаин на 33 години, првиот пат не почувствував ништо. Продолжив, но консумирав само на забави во Њујорк и Лос Анџелес и тоа кога браќата не ме гледаа. Никогаш во животот не се забавував така лудо. Не ми падна на памет дека ќе станам зависна. Мислев дека можам да се контролирам, но кокаинот ме контролираше мене, рекла Донатела, па се осврнала на трагичното убиство на нејзиниот брат.

Новата позиција која ја наследи од братот Донатела ја примила крајно трезвено и одлучила да излезе од пеколот со наркотици.

„Џани беше убиен и одеднаш станав ново лице на брендот. Никој не би сакал да купи и носи облека која ја потпишува нестабилен и слаб креатор, кој ја губи главата поради дрога и е склон кон самосожалување. Создадов далеку поагресивна Донатела, бев бестрашна, потенцирала познатата дизајнерка.