“Доста е!” Во Берлин големи протести против заклучувањето

1632

Во Берлин во тек е протест под слоганот “Доста е”, со кој е одбележува една година откако во Германија се воведени првите ограничувања во борбата против пандемијата на коронавирусот.

Одржување на протест против заклучувањето се очекува во уште неколку германски градови.

Во Германија досега се забележани 2.559.935 случаи на зараза со коронавирус и 73.349 смртни случаи, покажуваат податоците на Универзитетот “Џон Хопкинс”.

Околу 3 проценти од државјаните на Германија ги примиле двете дози вакцина против ковид-19, додека 5 проценти примиле барем една доза, наведува Институтот “Роберт Кох”.