Искршена и оштетена е Спомен плочата кај Карпалак, на автопатот Тетово–Скопје, информираат од тетовскиот огранок на Здружението на бранители Достоинство.
Спомен плочата е поставена за десетте припадници на безбедносите сили кои беа убиени во заседа на тоа место во вооружениот конфликт во 2001 година.
-Плочата е постојана мета на уништување. Во овие 18 години десетина пати е искршена па повторно поставена, изјави Марин Најдов од тетовоскиот огранок на Достоинство.
Бранителите постојано бараат на ова место да се постави спомен-обележје кое ќе биде заштитено од вакви акти на вандализам и уништување.
Осум војници и двајца офицери од резервниот состав на АРМ беа убиени на 8 август 2001 година.