Дожд од ко*аин во Сардинија: Куфер полн со дро*а вредна 9 милиони евра исфрлен од авион на погрешна локација

574

Куфер полн со кокаин, кој од авион требало да падне во рацете на дилер на дрога во Баратили, Сан Пијетро, град со околу 1.200 жители во Сардинија, заврши на кров од куќа и притоа уништил соларен панел.

Преплашените сопственици на куќата ја повикале полицијата која открила дека во црниот куфер имало 8,5 килограми чист кокаин вреден 9 милиони евра.

“Тоа беше дожд од кокаин во Сардинија”, пишуваа италијанските медиуми за овој настан од 28 март, споредувајќи ја оваа тактика за “дилање” на дрога која ја користат во Јужна Америка, пренесува Гардијан.

После четири месеци истрага, полицијата го пронашла и уапсила пилотот. Како што соопштува полицијата, авионот исчезнал од радарот на неколку минути пред да биде исфрлен куферот бидејќи бил на ниска висина.

“Анализата на ГПС кој се наоѓа во авионот потврди дека за време на тие 20 минути авионот неколку пати кружел за безбедно да ја фрли робата”.

 

Со помош на надзорните камери и сведоци, откриле дека станува збор за 28 годишен пилот Франческо од Рим кој инаку е пилот кој постојано пренесува богаташи со авионот, а уапсен бил на еден италијански аеродром после враќање од Германија.

Полицијата и понатаму трага по дилерите во чии раце требало да падне кокаинот. Ова е првиот “инцидент” кој се случил во Сардинија, а полицијата се сомнева дека има и други вакви акции кои не се откриени.