Др. Милан Ристовски – Итно е неопходно затворање на границите и ПЦР тестови за оние кои од надвор влегуваат во Македонија

4344

Откако Србија најави дека е голема веројатноста на нејзината територија да е веќе влезен опа сниот бразилскиот сој, се создава стравот дека на тој начин брзо може да стигне и во Македонија, и тој страв е реален.

Поради тоа потрено е итно да се преземат мерки вели д-р Милан Ристовски, поранешен директор на Клиниката за онкологија, според кого во оваа ситуација најмалку што треба да се направи е да се затворат границите и да се воведат ПЦР тестови за влез во Македонија.

-Се додека постојат отворени граници на коишто не се врши никаква контрола, ние немаме никаква одбрана дали одредена варијанта ќе дојде кај нас или не. Со тоа што одредени земји од ЕУ којшто живеат од туризам навестија дека ќе ги отворат границите на сите кои се ПЦР негативни и сите што се имуни*ирани. Меѓутоа не сум баш сигурен дека контролата ќе биде силна да можат отворањето на туристичката сезона да го запре ширењето на болеста, вели специјалистот, радиотерапевт, онколог Милан Ристовски, за Алфа.

Сепак дел од докторите сметаат дека дури и да се случи да влезе бразилскиот сој, тој не би можел да стане доминантен и екстремно штетен.

Д-р Горан Кунгуловски од Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина во приватната клиника „Жан Митрев“ го појасни дејството на мутациите на болеста и врз основа на нив смета дека доколку сега во Македонија влезат бразилскиот и јужно-африканскиот сој најверојатно нема да преовладеат над британскиот сој, кој сега е масовно раширен.

„Како сој се дефинира тип на болеста што се разликува од изворниот според акумулација на мутации коишто водат до промена на неговите биолошки особини (пример, зголемена преносливост, зголемена см *тност, избегнување на имун систем и слично).

Соевите како британскиот, јужно-африканскиот и бразилскиот се дефинирани од десетици мутации според коишто се разликуваат од изворниот Wuhan-ски сој, но фокусот е ставен само на 2-3 од нив.

– N501Y мутацијата – води до зголемена преносливост на болеста. Ја има во британскиот, јужно-африканскиот и во бразилскиот сој.

– Е484К мутацијата – води до зголемена имуноевазивност (избегнување на имуниот систем). Ја има кај јужно-африканскиот и во бразилскиот сој.

Бидејќи во Македонија е доминантен британскиот сој (можеби над 98-99% од сите новозаразени), а бразилскиот и јужно-африканскиот сој се пренесуваат подеднакво брзо или побавно од британскиот, истите доколку сега влезат и се детектираат во Македонија, најверојатно нема да станат доминантни бидејќи ќе бидат само капка во морето со британскиот сој.

За некој сој да стане доминантен, треба многу побрзо да се пренесува од сојот што тековно циркулира во популацијата (во случајов кај нас е британскиот). Во случајов, бразилскиот и јужно-африканскиот ги немаат тие својства. Среќа во несреќа, засега“, анализира д-р Кунгуловски на својот профил на Фејсбук.