Драгана од корен промени живот на сиромашно семејство: Им го поклони својот имот – две куќи и плац

582

Имено, еден корисник на Твитер објави фотографија од жена за која вели дека цела Србија мора да ја дознае затоа што е голем херој.

Како што изјави, тоа е Драгана Анкучиќ која дарежливо донираше парцела од 66 хектари, комплетно уредена стара и нова куќа, како и поле од 75 хектари на локацијата Доња Каменица кај Ваљево на едно бездомно семејство со четири деца.

Имено, Драгана преку својот Фејсбук профил објавила дека планира својот имот да го поклони некому кому му е најпотребен, а потоа успеала да го оствари она што го наумила.

“Би поклонила куќа на луѓе кои немаат дом. Плац од 66 ари, стара и нова куќа потполно средена и нива од 75 ари. Доколку некој познава семејство на кое му треба дом, нека ми се јави. Куќата се наоѓа во Долна Каменица кај Ваљево”, напишала Драгана.

Секако, целата работа се комплетирала, од најава до реализација.. Имотот сега е во сопственост на семејство со четири деца, на кои им е обезбедена светла иднина.

“Со задоволство објавувам дека куќата му припадна на семејство со четири деца. Им посакуван среќа на овој свет во новиот дом”, напишала Драгана на социјалнтие мрежи.

Хуманата жена стана пример за секого и докажа дека можеме да се надеваме, дури и кога ни се чини дека немаме ништо затоа што ситуацијата е доволно лоша. Сè додека има такви луѓе како неа, секој од нас ќе има надеж за подобро утро.

Реакциите по овој голем потег на Драгана не престануваат и за нејзе пристигаат пофалби и поддршка од сите страни. Драгана се огласи и вчера каде што напиша:

Клучевите се предадени на новите сопственици. Да бидат здрави и весели – порача на својот профил на фејсбук.