Властите на Филипините наредиле тотална евакуација на речиси половина милион луѓе во близина на главниот град Манила, откако вулканот Таал почнал да исфрла лава.
Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија го кренал нивото на требога на четири, од можни пет, што значи дека ерупцијата би можела да се случи во наредните часови.
Вулканот утрово исфрлал пепел до 14 километри во воздух, со грмотевици и тресење на земјиштето.
Таал се наоѓа на 60 километри јужно од главниот град Манила на островот Лузон и еден од најактивните во таа земја.
Фотографиите од самото место покажуваат потоци лава кои почнуваат да излегуваат од кратерот, додека небото и натаму е црно поради пепелта и пареата.
Во регионот каде се наоѓа вулканот живеат околу 450.000 луѓе, а поради последните активности евакуирани биле 8.000 жители кои биле сместени во најмалку 39 центри за евакуација.
Поради активноста на вулканот затворен е меѓународниот аеродром во Манила, а сопрена е и работата на берзата.
Кабинетот на претседателот Родриго Дутерте ја сопрел работата на владата, а затворени се сите училишта во Манила.

Вулканот Таал кој се наоѓа на околу 70 километри јужно од Манила се вбројува во групата комплексни вулкани, што значи дека нема еден отвор или конус, туку неколку точки на ерупција кои се менувале во текот на времето.
Во Институтот вулканот Таал го сметат за опасен бидејќи има “вулкан внатре во вулканот”.
Во претходните 500 години Таал еруптирал повеќе од 30 пати на различни начини, последен пат во 1977-ма година, додека при ерупција во 1911-та година настрадале 1.500 лица.