Џенифер Анистон и Кортни Кокс со приватен авион се упатили во Мексико по повод прославата на роденденот, ама биле принудени на итно слетување. Се се случувало вчера кога авионот на Анистон при полетувањето на аеродромот во Лос Анѓелес пукнала гумата на едно од тркалата.
Авионот летал се до воздушниот простор на Мексико, ама се вратил во Онтарио откако се воспоставило дека не е безбедно да се слета таму каде што се упатиле. Анистон која на 11 февруари наполни 50 години во авионот била со колешката и нејзина добра другарка Кортни Кокс, актерката Аманда Анка, сценаристката Моли Кимел и уште осумина лица. Патниците со екипажот минале три часа во воздух, пред конечно авионот да слета на аеродромот “Онтарио Интернационал“ без едно тркало.