Драма на српско семејство во Грција – детето добило болки, па се испоставило и дека е позитивно

557

Србите ова лето доживееја низа перипетии за да стигнат до своите омилени летувалишта во Грција. Најпрвин тргнаа преку Македонија, па грците го затворија граничниот премин Евзони, па се враќаа назад преку Бугарија.

На граничниот премин „Кулата“, од бугарска страна се создаваа огромни километарски колони возила, а србите чекаа по десетина часови за влез во Грција.

Грчките граничари најпрво почнаа да прават тестови по случаен избор, не на сите возила кои влегуваа. Потоа почнаа да тестираат од секое возило по еден член од семејтсвото.

Од пред неколку денови, грците комплетно ја затворија границата за србите, поради тоа што во Србија нагло порасна бројот на заразени со Ковид. Сепак, тие им дозволија на оние кои се веќе во Грција, да го продолжат престојот до крај.

Српско семејство кое својот летен одмор одлучи да го помине на грчкиот остров Тасос, деновиве преживува вистинска драма.

Според туристичката агенција од Тасос, десетгодишното момче со силна болка во стомакот и треска било примено во болница во Кавала, првиот најголем град во близина на Тасос, а потоа се покажало дека е заразено и со вирусот корона.

-Него го доведоа неговите родители со кои летниот одмор го поминава на Тасос. Во болницата им било кажано дека е неопходна операција на слепо црево и истата била закажана за вчера.

Бил направен тест за вирусот корона, бидејќи сега е задолжително според протоколот. Исто така, се покажало дека момчето било позитивно, иако неговите родители биле тестирани на границата и тие биле негативни – вели човек сведок на случајот.

Како што истакнува, на родителите не им е јасно како е можно детето да биде позитивно, затоа што не било во контакт со други луѓе, освен со нив, за време на тие неколку дена одмор на Тасос.

-Тие побараа втор тест и сега ги чекаат резултатите. Родителите изразија желба да продолжат со лекувањето во Србија веднаш штом се создадат условите за тоа – додава изворот.