Драма во Минесота: Мал авион принудно слета на автопат и се судри со автомобил

552

Пилотот на малиот авион кој имал дефект на моторот бил принуден да слета на автопат во американската сојузна држава Минесота, каде се судрил со автомобил.

Пилотот успеал да го спушти авионот кој потоа се судри со автомобилот, но за среќа во овој инцидент нема потешко повредени.

Британи Јурик која управувала со автомобилот за локалните медиуми изјави дека го забележала авионот „во секундата“ пред да се судрат, па не можела воопшто да изреагира. Во несреќата таа не е повредена, како ниту пилотот Грег Гифорд и уште еден патник во авионот.

Причината за принудното слетување е дефект на моторот на авионот, а снимката веднаш стана вирална на интернет.