Драма во Русија: Авион удрил во земја при слетување, седум лица повредени

684

Седум лица се повредени денес откако авион „Антонов Ан-2“ удрил во земја при слетувањето во градот Магадан на рускиот далечен исток.

„Во авионот имало 12 патници и двајца членови на екипажот. Според првичните податоци, седум лица се повредени“, изјави портпаролот на руското Министерство за вондредни ситуации, пренесува руски „ТАСС“.

Локалнта влада соопшти дека повредените се пренесени во локалната болница со полесни повреди, освен едно лице кое е во критична здравствена состојба.

Според првичните информации, авионот на една приватна компанија удрил во земјата од 10 метр висина, а во него се наоѓале вработените во компанијата.

Руските власти отворија истрага, а постои сомнение дека причина за несреќата е грешка на пилотите.